За Нас


Фирмата Брусник е основана во 1969 год. како мал лимарски дуќан во старата Битолска чаршија со основна дејност производство на олуци и бории за домаќинствата. Во 2002 год. прераснува во современа фабрика за производство на трапезен лим.

Фабриката е опремена со најсовремена опрема за производство на профилиран лим, како и додатоци за кровни лимени конструкции кои дополнително го подобруваат квалитетот на кровот.
Нашата екипираност овозможува брза и ефикасна монтажа на кровната конструкција.